Денеска во Нион се одржа жрепката за осминафиналните дуелу во фудбалската Лига на Шампиони.
Дербито на фазата ќе биде помеѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Сити кои и годинава се фаворити за освојување на титулата, но сепак една од нив ќе мора да биде елиминирана.
Изненадувањето на сезоната норвешки Бодо ќе игра против екипата на Спортинг Лисабон со надеж дека ќе направи нов подвиг.
Останатите парови се:
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Ливерпул – Галатасарај
Тотенхем – Атлетико Мадрид
Аталанта – Баерн
Баерн – Арсенал
Точниот распоред на натпреварите од осминафиналето ќе биде објавен вечерва.
Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 10 и 11 март, а реваншите на 17 и 18 март. Четвртфиналните натпревари се закажани за 7 и 8 април и 14 и 15 април. Полуфиналињата ќе се играат на 28 и 29 април и 5 и 6 мај. Големото финале ќе се одржи на 30 мај во Будимпешта.