Мицкоски денеска ќе го посети градот на пуштените крави

Мицкоски

Прес канцеларијата на Владата на Северна Македонија известуваме дека денеска, недела, во 12:00 часот премиерот, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструирана обиколница Крива Паланка.

Ова е многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин-Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Република Бугарија.

Посетата на премиерот на Крива Паланка се совпаѓа со „драмата“ во овој град околу пуштените крави кои ги пустошат градините и нивите на граѓаните во регионот.

Вчера градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски рече дека Општината ќе ги понуди сите распожливи средства за да се реши повегодишниот проблем со напуштените крави, останува надлежноста на Агенцијата за храна и ветеринарство да го спроведе правосилното и извршно решение донесено на 5 март 2024 година, со кое е изречена мерка за одземање на добиток согласно член 36 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Тој нагласи дека обидите за префрлување на одговорноста кон општината се правно неосновани и не ја менуваат фактичката состојба бидејќи решението е донесено од страна на Агенцијата, правосилно е и извршно од април 2024 година, но до денес не е спроведено.

„Општината останува подготвена да обезбеди логистичка и кадровска поддршка за спроведување на решението, но не може и нема да ја преземе законската надлежност на државна институција“, истакна Митовски и порача дека времето за меѓуинституционално препукување е завршено и дека очекува постапување на терен, согласно сопственото правосилно и извршно решение.

Зачлени се на нашиот е-билтен