Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка

Паланка

Денеска фицијално беше пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, проект вреден 1,2 милиони евра. Оваа патна делница е од витално значење за транзитниот сообраќај кон Бугарија и претставува директно надоврзување на претходно изградениот експресен пат од Страцин.

За ремиерот Христијан Мицкоски подобрената инфраструктура е „додадена вредност“ која директно влијае на квалитетот на животот во локалните заедници.

„Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат Македонија со коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на делот од коридорот 8 во Македонија“, рече Мицкоски на пуштањето е во употреба на реконструираната обиколница во Крива Паланка.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека со овој проект практично се комплетира патниот дел од источното крило на Коридор 8. Владата го позиционира овој коридор како приоритетен за економската интеграција на Македонија со европските транспортни мрежи.

Обиколницата не е само локално решение за Крива Паланка, туку стратешка точка која треба да го олесни протокот на стоки и патници меѓу Скопје и Софија. Според владините анализи, модернизираната инфраструктура ќе ја зголеми конкурентноста на домашната економија преку намалување на транспортните трошоци и времето на патување до границата, рече Николоски.

Директорот на ЈП за државни патиштаКоце Трајановски, потврди дека зафатот, вреден 1,2 милиони евра, е изведен според современи безбедносни стандарди.

Зачлени се на нашиот е-билтен