Наместо пари, сточарите добија празни зборови од министерот

сточарите

Расте револтот меѓу производителите на млеко во Македонија – сточарите денеска со бес и разочарување ја обвинија власта, откако најавените исплати на премијата за млекото и субвенциите за 2025 година не се случија, а одговорите што ги добиле ги нарекуваат „лага со опашка“.

Одгледувачите на крави, овци и кози веќе подолг период чекаат исплата за заостанатите премии за млекото, од кои дел се уште неплатени дури за девет месеци од 2025 година, а основните субвенции за грло стока и натаму не се исплатени.

Сточарот Тони Петковски од Велушина, претседател на здружението „Пелагониско поле“, остро реагира дека ветувањата што им ги дал министерот за земјоделство биле само празни зборови, без реални пари на сметки. Така, производителите кои секој ден вложуваат труд и средства во својата стока и храна, сега се соочуваат со финансиски колапс.

„Наместо премии и поддршка, добивме само уште едно убедување што не значи ништо“, вели Петковски, укажувајќи на намалувањето на износите за субвенции и построгите услови, што дополнително го влошува положбата на сточарите.

Сега сточарите најавуваат нови барања и протести пред власта, барајќи јасни гаранции и итни исплати, или ќе одат со радикални мерки ако нивните барања не бидат исполнети до мај.

Зачлени се на нашиот е-билтен