Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од договореното ќе ги разочара граѓаните и меѓународната заедница

Сега треба да се оди кон примена на договореното и јавно кажаното на прес-конференцијата по лидерската средба за уставните измени, а не кон толкување, што некој сакал да каже бидејќи тоа што беше разговарано беше и кажано, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. 

Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Богданци, Ковачевски повтори дека „ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени“ и оцени дека „демантирањето или излегувањето од она што било договорено и кажано на прес-конференцијата по лидерската средба би било големо разочарување за граѓаните и за меѓународната заедница“. 

-Како државнотворна партија која секогаш ги носела најтешките и најголемите одлуки за државата му даваме шанса на ВМРО-ДПМНЕ првпат да учествува во носење одлука од којашто зависи остварување стратешка цел за државата. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон процесот, односно да остане во процесот, бидејќи демантирањето или излегувањето од она што беше договорено и искажано на прес-конференцијата сметам дека би било големо разочарување како за граѓаните, така и за меѓународната заедница која навистина овој пат сака да ја види Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ и до 2030 година да биде членка, изјави Ковачевски, на прашање кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив. 

Тоа што беше кажано на прес-конференцијата, дополни премиерот, за нас е прифатливо, а прифатливо е и за ДУИ и за другите партии во нашата коалиција, ЛДП, НСДП и ДОМ. Сметам дека сега треба да се оди кон имплементација на она што беше договорено и јавно кажано, а не кон толкување што некој сакал да каже бидејќи тоа што беше кажано всушност и беше разговарано. 

Ковачевски повтори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата по лидерската средба потврдиле дека немаат ништо против уставните измени. 

-Во текот на целиот изминат период тие обвиниува дека  со уставните измени и  вклучувањето на други делови од народи во нашата Преамбула државата ќе била  бугаризирана, асимилирана, ќе сме го изгубеле јазикот, идентитетот. Ние кажувавме и кажуваме дека тоа не точно, меѓутоа сега и ВМРО-ДПМНЕ, потврди на таа прес-конференција дека нема ништо против уставните измени, рече Ковачевски. 

На средбата, како што дополни, се разговараше дека ВМРО-ДПМНЕ сака да влезе и да биде дел од  Владата, што ние прифативме, дека СДСМ е подготвено да отстапи 50 проценти од  министерските места.

-ВМРО-ДПМНЕ имаше уште еден услов, Демократската унија за интеграција да не учествува во таа Влада, што јас го оценив како барање кое може да предизвика одредена политичка динамика, но ДУИ тоа го прифати експересно. За тоа дека може да предизвика политичка динаимика потврдата дојде подоцна кога и Алијанса за Албанците и БЕСА кажаа дека тие нема да учествуваат во таква влада, како што беше побарано за ДУИ, но, тоа беше желба на ВМРО-ДПМНЕ, изразена преку нивниот претседател на партијата, рече Ковачевски. 

Зачлени се на нашиот е-билтен