Властите на Австралија и Јапонија одделно рано утрово објавија дека нема да ги испратат своите воени бродови во Ормускиот теснец по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до нивните сојузници да помогнат во деблокирањето на таа стратешка морска рута.
„Нема да испраќаме бродови во Ормускиот теснец. Знаеме колку е важно, но тоа не е нешто што од нас е побарано да го направиме и не е нешто во што придонесуваме“, изјави австралиската министерка за транспорт, Кетрин Кинг, за националната телевизија ABC.
И јапонските власти посочија дека во оваа фаза не размислуваат за поморска безбедносна операција за да се обезбеди безбедноста на Ормускиот теснец.
„Со оглед на моменталната ситуација во Иран, не размислуваме за поморски безбедносни операции“, рече јапонскиот министер за одбрана, Шинџиро Коизуми.
Техеран практично го блокираше теснецот како одговор на израелско-американските напади, чија цел беше да се закани глобалната економија да изврши притисок врз Вашингтон додека цените на нафтата продолжуваат да растат.