Мицкоски најавуваше дека горивата ќе поевтинат, тие поскапеа за 7 денари. Секој ден слушаме само нова лага. Не се презема ништо за да им се помогне на граѓаните полесно да живеат.
Ова е една од поентите на претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче од денешната прес конференција.
„Не се само горивата. Сега ќе поскапи храната и струјата, чии цени нема да се намалат дури потоа и да се налаи цената на нафтата на светските берзи. Сите влади преземаат мерки, само нашата не прави ношто, туку се грижат само за своте интереси. По првото поскапување граѓаните платија 3 милиони евра повеќе, а со новото покачување ќе платат 4,5 милони евра повеќе“, рече Филипче
Апелиравме и пред тоа, апелираме и сега, рече претседателот на СДСМ, но нема да чекаме.
„Во Собрание ќе поднесеме закон за намалување на ДДЦ-то од 18 на 5 за горивата и намалување на акцизата за 4 денари. Потоа нула ДДВ за основни произиводи и преполување на цените на патарините. Влата мода да реагира и мора да ги прифати овие закони“, порача Филипче.
Народот нема да може да се прехрани ако владата продолжи со овие политики, а нема сигнали дека нешто ќе се смени, рече Филипче.