Шон Пен ги посети украинските војници на фронтот

Шон
Фотографија: Кабинет на претседателот на Украина

Американскиот актер Шон Пен ги посети украинските војници на фронтот.

Снимките објавени од 157-та посебна механизирана бригада на Украина го прикажуваат Пен во близина на Славјанск, на околу 20 километри од фронтот, и за време на состаноците со војниците.

65-годишниот добитник на Оскар ја пропушти церемонијата во Холивуд, и покрај тоа што освои награда за споредна улога во филмот „Битка по битка“.

„Шон Пен пристигна во Украина и лично посети борбена единица која извршува задачи во регионот Донецк“, соопшти бригадата, нагласувајќи дека ваквите посети го зголемуваат моралот на војниците.

Пен е познат по својата активна поддршка за Украина и ја посетил земјата неколку пати од почетокот на руската инвазија, вклучително и за да работи на документарец за претседателот Володимир Зеленски.

Зачлени се на нашиот е-билтен