Вучиќ: Не паничете, имаме најголеми резерви на гориво на Балканот

Вучиќ

Додека цените на енергијата вртоглаво растат, српскиот претседател Александар Вучиќ им порачува на граѓаните да не паничат.

„Имаме околу 270.000 тони само во државни резерви, што е најмногу во регионот“, изјави Вучиќ пред новинарите на 19 март.

Тој вели дека „големиот проблем е што нема каде да се купи нафта“.

Тој имаше порака за населението.

„Не паничете и не грижете се. Имаме огромни резерви на нафта, не купувајте во канистри“.

„Нема да ги трошиме девизните резерви во пари, злато… Но, не можам да гарантирам што ќе се случи за еден месец, два или три“, рече тој.

Истиот ден, Владата на Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на нафта и сите нафтени деривати за употреба во мотори.

Забраната важеше до 19 март, а сега е продолжена до 2 април.

Забраната се однесува на дизел, бензин и сурова нафта и важи за сите видови транспорт, изјави министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Исто така, беше одлучено да се ослободат 40.000 тони дизел од резервите, како дополнителна мерка за заштита на пазарот, додаде таа.

Зачлени се на нашиот е-билтен