Израелската Елбит Системи, чијашто фабрика беше цел на терористички напад во Чешка, има компанија и во Македонија.
„Елбит Системс“ е израелска компанија со меѓународна мрежа чија дејност е воената технологија и изведување на одбранбени и безбедносни системи
Основана во 1966 година од „Елрон“, а денеска „Елбит Системи“ е главен снабдувач на опрема за копнена база и беспилотни летала на израелската војска. Се смета за важна компанија во рамките на одбранбената индустрија на Израел.
„Елбит Системи“ има и подружници низ целиот свет и ги продава своите производи на војските на различни земји.
„Елбит Системи“ во Македонија има бележливо бизнис портфолио. Межу првите бизниси во нашата земја се врзани за Министерството за одбрана кога во 2011 година го оформи и го управуваше Центарот за обука на пилоти како Сквадрон за обука и тренажа во структурата на Воздухопловниот ВИНГ на Командата за операции.
За 10 години кога во 2020 година, центарот беше предаден на Министерството за одбрана, под стручна обука на израелски експерти дипломраа 27 пилоти, од кои 25 за потребите на Армијата и Министерството за внатрешни работи, а другите двајца беа од земјите од регионот.
Елбит Системи регистрираа две компании во Македонија. Едната, којашто сега е во фаза на ликвидација, според порталот Компанивол, е регистрирана во 2008 година, како Друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал ЕЛМАК – ЕЛБИТ СИСТЕМИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден – во ликвидација е регистрирана на БОСФОР 17 ИЛИНДЕН МРАЛИНО, Илинден, Република Северна Македонија, Како директор на компанијата е запишан Дан Волфф.
Втората компанија којашто се поврзува со Елбит Ситеми е компанијата Cytrox, која имаше канцеларии во Скопје, а беше поврзувана со поранешни израелски разузнавачи и меѓународни мрежи, вклучувајќи релации со Elbit Systems.
Cytrox во Македонија исплива на површина во март 2024 година кога аферата околу шпионскиот софтвер познат како „Предатор“ (Predator spyware) се разви од технолошки скандал до меѓународна безбедносна тема која ја вклучи нашата земја, Израел, САД, европски институции и бројни независни истражувачки групи, а компанијата Cytrox AD се најде на „црната листа“ на САД.
Пред еден месец „Предатор“ аферата имаше и судска разрешница во Грција откако суд во Атина на 26 февруари 2026 година ги прогласи за виновни четворица обвинети поврзани со комерцијалниот шпионски софтвер „Предатор“, во случај што ја потресе земјата поради следење новинари, политичари и други јавни личности.
Последна, најнова поврзаност на Елбит Системи со Македонија е патувањето на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Израел минатата година кога ја посети дирекцијата на Елбит Системи седиштето на оваа компанија во Хаифа.
„На покана на израелската компанија Елбит системс (Elbit Systems), која е наш долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките системи и безбедносните капацитети на Министерството за внатрешни работи, особено во рамки на проектот „Безбеден град“, деновиве престојувам во Израел“, напиша тогаш министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил.
