САД ги укинуваат санкциите за купување иранска нафта, која моментално е во транзит по море

нафта

Соединетите Американски Држави во петокот објавија дека привремено ќе ги ублажат санкциите за иранската нафта што моментално се транспортира со танкери.

Министерството за финансии на САД соопшти дека „продажбата, испораката или истоварот на сурова нафта или нафтени производи од иранско потекло натоварени на кој било брод“ на или пред 20 март ќе биде „одобрен“ до 19 април.

Министерот за финансии Скот Бесент навести за оваа можност во четвртокот, велејќи дека САД може да ги укинат санкциите за „иранската нафта на море“, пишува dpa.

„Всушност, ќе користиме ирански барели против Иранците за да ги одржиме цените ниски во следните 10 до 14 дена додека ја продолжуваме оваа кампања“, изјави Бесент за Фокс њуз, осврнувајќи се на обемот од „околу 140 милиони барели“.

САД претходно, во обид да ја зголемат глобалната понуда во време кога цените на енергијата растат, привремено дозволија купување руска нафта, која моментално се транспортира по море.

Зачлени се на нашиот е-билтен