Пленковиќ најави мерки за справување со кризата

Пленковиќ

Хрватската влада во понеделник ќе излезе со конкретни мерки за справување со ценовниот шок, изјави денеска премиерот на оваа држава Андреј Пленковиќ.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ ја задолжија Европската комисија да подготви дополнителни мерки и алатки за намалување на цените на енергијата, а хрватската влада беше меѓу првите што воведе мерки за намалување на ценовниот шок изјави Пленковиќ кој учетвува на Европскиот совет и Самитот на еврозоната во Брисел.

Тој најави дека денес ќе одржи состанок на оваа тема и дека владата во понеделник ќе излезе со мерки за да спречи големо зголемување на цените што неизбежно би се случило со оглед на состојбата на пазарот.

Пленковиќ потсети дека Хрватска е меѓу првите што веднаш го намалија зголемувањето на цените за евросупер, евродизел и синиот дизел, како и за течниот нафтен гас за резервоари во цилиндри, додавајќи дека следува глобална криза за нафта.

„Светот е на почеток на она што најверојатно ќе биде најголема енергетска криза“ порача Пленковиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен