Најавеното намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти не е доволно и граѓаните нема да ги почувствуваат ефектите. Владата мора итно да ги прифати мерките на СДСМ, се вели во соопштенито на оваа партија денеска.
СДСМ ги повтори барањата; Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари по литар, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.
Три недели Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами и не презеде никакви мерки за високите цени на горивата. Спиралата на раст на цените на прехранбените производи веќе се активираше. Започнати се поскапувањата во маркетите. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата се над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм.
Владата на Мицкоски задоцни и како да се стави во позиција да ги прифати мерките на СДСМ. Овие мерки ќе значат долгорочно и сеопфатно решение, вистински и реално ќе се намалат цените и на горивата и на храната и ќе се заштити стандардот на граѓаните во оваа криза, се вели во соопштението.
Сите влади во регионот веќе од прв ден преземаа мерки се посочува во соопштението. Црна Гора веднаш ги намали акцизите за 50%, во Албанија акцизата е преполовена, во Босна и Херцеговина и Хрватска има замрзнати цени на горивата. Само владата на Мицкоски не направи ништо.
Очигледно намерно, за да профитираат бизнисите на ВМРО, истакнуваат во СДСМ.
Се најавува и ново покачување на цените на горивата. Потоа и да се стабилизираат цените на светските берзи цените во маркетите нема да се намалат, предупредува оваа партија
