Блумберг Адрија: „Made in Europe“ на Макрон става под ризик до 30.000 работни места во Македонија

Блумберг
By Marek Slusarczyk, CC BY 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=116381370

Иницијативата „Made in Europe“, која ја турка францускиот претседател Емануел Макрон, може сериозно да ја погоди македонската економија, предупредува анализата на Bloomberg Adria. Според проценките, дури 30.000 работни места се доведуваат во прашање доколку Европската Унија воведе построги правила што ќе фаворизираат производство внатре во ЕУ.

Новата индустриска политика има за цел да ја зајакне европската економија и да ги заштити домашните компании, но за земји како Македонија, кои се силно врзани за европските синџири на снабдување, тоа носи сериозни ризици. Особено изложени се фабриките од автомобилскиот сектор, кои произведуваат компоненти за европскиот пазар, но формално се надвор од Унијата.

Во такво сценарио, дел од производството би можело да се пресели во земји членки на ЕУ, што би значело намалување на инвестициите, пад на извозот и притисок врз вработеноста. Ова ја отвора дилемата дали досегашниот модел на економски раст, базиран на странски инвестиции ориентирани кон ЕУ, станува ранлив во новите геоекономски услови.

Иако мерките сè уште се во фаза на политички договор, сигналот е јасен: Европа се обидува да ја задржи индустријата дома – а Македонија може да ја плати цената, предупредува Блумберг Адрија.

Зачлени се на нашиот е-билтен