Без изненадувања во ГЕРБ: Бојко Борисов доби уште еден мандат

Борисов

Националната конференција на партијата ГЕРБ го реизбра Бојко Борисов за претседател на партијата со 983 гласови, објавиja бугарските медиуми.

„Ви благодариме за поддршката. Даниел Митов и Томислав Дончев заслужуваат да бидат поддржани како заменик-претседатели на партијата ГЕРБ, коментираше Борисов

Даниел Митов и Томислав Дончев беа едногласно избрани за заменик-претседатели.

Пред изборот на Борисов, Јорданка Фандакова го предложи Бојко Борисов за претседател, наведувајќи: „Пред 20 години ја основавме ГЕРБ со јасни цели и приоритети за да го гарантираме европскиот развој на Бугарија со силното водство на Бојко Борисов. Со своето искуство, тој привлекува поддршка за нашата земја во овие тешки времиња. За 20 години, победивме вкупно на 20 избори.“

Денес, ГЕРБ има докажани менаџери. За да биде ефикасна, ни треба силно водство, затоа го предлагам Бојко Борисов за претседател на ГЕРБ, рече Фандакова.

И Деница Сачева и Живко Тодоров одржаа говори на Националната конференција на ГЕРБ.

„Најважното нешто што го постигна извршниот комитет беше тоа што ја презедовме одговорноста кога ни беше нејтешко, донесовме одлуки кога другите се двоумеа и успеавме да го зачуваме единството на партијата“, изјави Деница Сачева од ГЕРБ, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Сачева рече дека смислата на политиката е да понуди резултати.

„Ако има едно нешто со што победуваме на избори, тоа е што правиме работи и бидејќи само ГЕРБ нуди вистински резултати, нагласи Сачева.

Водечки претставници на партијата презентираа дел од програмата „Бугарија 2030“, за претстојните избори како нивна визија за развој на Бугарија, како и улогата на ГЕРБ во политичкиот и јавниот живот на земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен