Од скандал во скандал: Аца Лукас бил проведен од шведската полиција

Лукас

Аца Лукас бил запрен на аеродромот во Гетеборг, Шведска, од полицијата и приведен.

Како што пренесуваат српските медуми популарниот пејач Аца Лукас бил приведен од граничната полиција во Гетеборг.

Лукас требало да одржи концерт вечерва заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилет Јашарспахиќ.

Приведен за време на гранична контрола

Според неофицијалните информации, ситуацијата се одвивала на аеродромот, каде што надлежните органи ги провериле патниците. Додека Раста и Гиле без проблеми ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати причини, му е забранет влез во земјата.

Извори блиски до случајот тврдат дека пејачот бил приведен на понатамошно испрашување, по што е донесена одлука да не му се дозволи влез. Моментално, како што се пренесува, тој е под надзор и чека понатамошна постапка.

Организаторите во проблеми

Организаторите на концертот во Гетеборг се нашле во голем проблем, со оглед на тоа што Лукас бил една од главните ѕвезди на вечерта. Тимот на Лукас објави дека станува збор за „местенка“ и најавија правна разрешница.

Зачлени се на нашиот е-билтен