На 03.04.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје 52-годишна жена пријави дека на 02.04.2026 во домот на подрачјето на Центар нејзиниот сопруг З.Д.(52) агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне. Според пријавеното, таа подолг период била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Исто така, во 03:00 часот 52-годишен маж пријави дека во домот му биле упатени закани од неговата сопруга В.Д.(52). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2026 во 18:42 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот. Според пријавеното и нивните четири малолетни деца ги заклучил во тоалетот. Љ.И. кажала дека и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2026 во 18:45 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.(35) од Скопје поради тоа што упатувал закани кон неговата 30-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.04.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје 27-годишна жена пријави дека на 01.04.2026 нејзиниот сопруг М.Д.(32), со кого биле разделени, упатувал закани кон неа и нејзиниот татко. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.04.2026 во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Т.(49), по претходна пријава дека на 01.04.2026 околу 23:30 часот во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.04.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 30-годишна жена пријави дека во периодот од 08.06.2025 до 20.03.2026 нејзиниот поранешен сопруг Д.С. (34) физички ги малтретирал нивните две малолетни деца додека биле на видување кај него. Се работи на целосно расчистување на случајот.