Четири лица се уапсени по разбојништво во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, откако со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници. Случајот се случил во саботата вечер, околу 21 часот, а полицијата соопшти дека реагирала веднаш по пријавата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, приведени се две полнолетни лица и двајца малолетници, сите од Скопје. Тие биле однесени во Полициската станица Центар, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.