ЛДП: Кошничката стигна 70.358 денари, Владата ја разубавува реалноста

ЛДП

ЛДП ја обвини Владата дека со своите економски пресметки ја потценува реалната цена на животот во Македонија. Од партијата посочуваат дека синдикалната минимална кошничка во октомври достигнала 70.358 денари, а за семејствата што живеат под кирија трошоците изнесуваат 85.733 денари.

Според ЛДП, овие износи се спротивни на владините тврдења за економски раст и подобрена куповна моќ, бидејќи граѓаните се соочуваат со високи трошоци за храна, сметки и основни потреби.

Партијата ја критикува и разликата од 10.200 денари меѓу владината и синдикалната потрошувачка кошничка, оценувајќи дека таа создава нереална претстава за животниот стандард. Разликата се однесува на споредливите пресметки за август, кога владината кошничка изнесувала 58.475 денари, а синдикалната 68.675 денари.

Од Министерството за економија и труд претходно објаснија дека разликите произлегуваат од различните методологии и опфатот на производите и услугите. ЛДП смета дека ваквото образложение не ја менува финансиската состојба на семејствата.

Во октомври синдикалната кошничка се зголемила за 926 денари во однос на септември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од ЛДП бараат реално зголемување на минималната плата, насочени мерки за заштита од поскапувањата и ограничување на трговските маржи за основните производи.

Партијата го критикува и предложениот ребаланс на буџетот, тврдејќи дека не нуди ниту краткорочни ниту долгорочни решенија за растечките трошоци за живот.

„Животниот стандард не се крева со раскажување приказни, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните“, порачуваат од ЛДП.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?