Тешка ноќ за Никола Груевски во Будимпешта: Ќе има ли граничен премин и каков?

Груевски
Фотографија од Фејсбук страницата на Никола Груевски

Сега, кога Виктор Орбан заминува во историјата, а Унгарија е на прагот да ја обнови демократијата, владеењето на правото и да ја започне правната постапка против сите што за време на владеењето на Орбан им биле „рачињата во медот“ со европските или со парите на народот, прашање е дали оваа нова ера на Унгарија ќе го опфати и прашањето за „враќање“ или екстрадиција на Никола Груевски.

Ова уште повеќе што и самиот Груевски, во свието послание по повод Велигден, како да е некој „пречесен преподобник“, напиша:

„Во реален живот тоа значи да си целосно себе-осознаен, стабилен и зрел, да имаш јасно сознание во вредностите во кои веруваш, да можеш да носиш одлуки без страв и паника, и да останеш стабилен кога условите се менуваат“.

И на него му е јасно дека кога условите „се менуваат“, треба да „носиш одлуки без страв и паника, и да останеш стабилен“.

Никој не може да не убеди дека ноќта што одмина Груевски, ја поминал мирно во Бидимпешта. Ќе има ли граничен премин и каков?

Како стојат работите?

Од правен аспект, опциите се ограничени и прилично јасни: Во моментов, тој е правосилно осуден во Северна Македонија, а во Унгарија има статус на бегалец.

Тоа значи дека, доколку фантазира за поништување или преиначување на пресудите, единствен чист правен пат е преку судски механизми да му се повторат постапките, да се донесат вонредни правни лекови или евентуално укинување на пресудата.

Сите овие опции се тешко остварливи, освен ако има нови докази или сериозни процедурални повреди.

Втората опција е амнестија или помилување. Тоа е теоретски можно, но политички исклучително чувствително. Амнестија носи Собранието, а помилување дава претседателот на државата.

И двете опции би предизвикале силни реакции и зависат од политичка волја.

Може да се надева на застарување на делата, но тоа зависи од конкретните пресуди и казни. Ова е долгорочен и несигурен „пат“.

Следната опција е екстрадиција со гаранции, на што може да се надева доколку Унгарија го екстрадира или ако самиот се врати.

Во пракса, во некои држави вакви случаи се решаваат преку политички компромиси, но тоа не е „чист“ правен пат и често оди на раб на владеење на правото.

Ако зборуваме строго правно – без политички интервенции – речиси и да нема начин Никола Груевски да се врати и да не се соочи со затвор, освен ако не успее да ја урне или измени правосилната пресуда.

Внатрешниот и надворешниот политички контекст

Ако се фокусираме на политичките опции, ниту тие не му одат на Груевски. Иако ВМРО-ДПМНЕ ја има апсолутната власт, партијата во изминатите години внимателно гради дистанца од наследството на Груевски. Неговото директно „рехабилитирање“ би носело висок политички ризик и политичка ценаи на домашната сцена, и меѓународно.

Мицкоски има повеќе да изгуби отколку да добие од таков потег.

Северна Македонија е членка на НАТО и кандидат за ЕУ, што значи дека владеењето на правото е под постојан мониторинг од Европската Унија. Секој обид за амнестија или политичко „чистење“ на правосилни пресуди би бил сериозно критикуван и би имал последици по евроинтеграциите.

Пресудите против Груевски се правосилни и произлегуваат од повеќе предмети. За нивно уривање би требале нови, силни докази или сериозни процедурални грешки – нешто што досега не се појавило во јавноста. Затоа, „правниот пат“ останува формално отворен, но реално тесен.

Да бидеме реални, дури и со политичките промени во Унгарија, тоа не значи автоматска екстрадиција или „чист терен“ дома.

Да не ја исклучиме ниту јавната перцепција. Македонското општество останува длабоко поделено околу ликот и делото на Груевски. Секој обид за негово враќање без правна разрешница би предизвикал силни реакции и потенцијална политичка нестабилност.

Што би требало да се смени?

Било кое од овие сценарија за да станата реални, не е доволна една промена – потребен е „совршен спој“ на апсолутистичка власт дома, заробени институции, намален надворешен притисок и барем делумна јавна поддршка.

Во моментов, тие фактори не се порамнети, што ги прави овие сценарија повеќе теоретски отколку практични.

Зачлени се на нашиот е-билтен