ДУИ: ВЛЕН денес не ги претставува Албанците

ВЛЕН денес не ги претставува Албанците, ВЛЕН денес ги претставува оправдувањата на тие што сакаат да го потчинат албанскиот јази велат од ДУИ

,,Откако студентите по право ги разобличија со протест, откако јавноста ја виде нивната немоќ во Владата, сега излегоа со нова измама: се обидуваат вината да ја префрлат во минатото, само за да го сокријат сопственото предавање во сегашноста.

Да разјасниме јасно:

Во тој закон воопшто не постои одредба за јазикот.
Нема забрана за албанскиот.
Нема уредување ни за македонскиот.
Нема никаква јазична клаузула.

Значи, свесно ја лажат јавноста.

Дополнително, Законот за употреба на јазиците ова прашање јасно го уредува. Член 23, параграф 5, предвидува дека ако другите закони не се усогласат во законскиот рок, предност имаат одредбите одзаконот за јазиците.

Тоа значи дека правната основа постои, правото постои, обврската постои.

Она што не постои е политичкиот достоинство на ВЛЕН.

Наместо да бараат спроведување на законот, тие бараат оправдувања.
Наместо да ги бранат албанските студенти, тие го бранат Министерството што им го ускратува правото.
Наместо да се соочат со неправдата, тие ги напаѓаат тие што го кренаа гласот.

Ова е нивното вистинско лице: албански декор во Владата, функција против албанскиот интерес.

Денес не се тестираат студентите на правосудниот испит. Денес се тестира ВЛЕН. И паднаа.

Паднаа на испитот за достоинство.
Паднаа на испитот за претставување.
Паднаа на испитот за албанскиот јазик.

Тие што денес молчат кога се допира албанскиот јазик, утре ќе молчат и за секое друго право” велат од ДУИ.

Зачлени се на нашиот е-билтен