Денес ВМРО-ОКГ и Мицкоски продолжија со својата секојдневна доза на лаги, лицемерие и блокирање на иднината на Македонија, се истакнува во соопштението на СДСМ.
Велат, СДСМ јасно и директно им одговори на сите теми:
1. Груевски – Мицкоски сè уште не испратил ниту еден документ за екстрадиција. Додека Орбановите луѓе масовно бегаат и префрлаат пари во Емирати, Груевски со неколку пасоши подготвува ново бегство, а Мицкоски го штити.
2. Орбанова медиумска мрежа. Акцијата за разоткривање на Орбановата мафија започна. Петер Маѓар најави истраги за медиумите и финансирањето. Граѓаните наскоро ќе видат јасно сè што го најавуваме месеци наназад – 40 % од медиумскиот простор во Македонија е во рацете на Орбановата машинерија.
3. Бугарски пасоши – „македонските патриоти“ од ВМРО масовно поседуваат бугарски пасоши. Половина од нивната партија, веќе се во ЕУ, ама со бугарски пасоши. Додека блокираат ЕУ процеси, за себе си ги обезбедиле европските пасоши.
4.Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ. Претседателот Филипче во дебата во Собранието предупреди дека со оваа партиска структура во власта, со лажнаѕа кампања европскиот пат е запрен, младите се иселуваат, вадат бугарски пасоши, така ВМРО го остварува националниот интерес. Оваа власт е предавничка!
5.ЗНАМ нема идеологија, нема програма, па затоа нема ни став. Од ЗНАМ велат „засега“ нема став за законот за забрана на двојно државјанство. Тие не знаат дали се центар или десница. Всушност, тие не знаат ништо, бидејќи се обична сателитска партија создадена од ВМРО со единствена цел, да ја ситни и ослабне опозицијата.
6.Рудникот за антимон во Крива Паланка – Градоначалникот мора да го праша народот. Референдум! Граѓаните, а не Мицкоски и неговите донатори, треба да одлучат. Антимонот е еден од најопасните рудници за животната средина. Имаме лошо искуство со загадувањето на Крива Река но и со Лојане – да не ги повторуваме.
7. Техничката влада мора да остане. Оваа ненародна власт целосно ја узурпира државата. Судство, обвинителство, полиција, медиуми, сè е партизирано. Техничката влада е единствениот преостанат механизам за барем малку фер услови на изборите.
8. Економија и глобална криза – Мицкоски е целосен дилетант. Целиот свет и Европа се подготвуваат за нова криза, сите воведоа мерки. Само Мицкоски не реагира. Цените дивеат, инвестициите паднаа за 60 %, а тој продолжува да раскажува бајки за „трета економија во Европа“.
9. Кој е овде луд? – Мицкоски вели „ќе чекаме децении“ и дека малцинствата нема да влезат во Уставот, а потоа обвини дека СДСМ го блокира ЕУ патот. Ова е директно блокирање на европскиот пат на Македонија.
Сето ова не е случајно, според СДСМ
Мицкоски и ВМРО-ОКГ свесно ја изолираат Македонија за да ја задржат контролата, да продолжат со криминалот и корупцијата и да ја претворат Македонија во слепо црево на Балканот.
СДСМ, се нагласува во соопштението, продолжува да се бориме за европска, демократска и чесна Македонија – во која власта ќе припаѓа на граѓаните, а не на криминалната организација.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста, порачуваат од оваа партија.