Путин по средбата со Арагчи: Москва ќе направи сè за да постигне мир на Блискиот Исток

Путин

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека Москва ќе направи сè што е можно за да постигне мир на Блискиот Исток за време на состанокот во Санкт Петербург, објави АФП.

„Од наша страна, ние ќе направиме сè што е во служба на вашите интереси и интересите на сите народи во регионот за да постигнеме мир што е можно поскоро“, го цитираа руските државни медиуми Путин.

Арагчи, по пристигнувањето во Русија, претходно го обвини Вашингтон за неуспехот на разговорите за прекин на непријателствата, иако прекинот на огнот меѓу земјите сè уште се почитува.

Путин, исто така, ја пофали „храброста и херојството“ на иранскиот народ во одбраната на својата независност и суверенитет. Рускиот претседател нагласи дека Москва има намера да го продолжи своето стратешко партнерство со Техеран.

Зачлени се на нашиот е-билтен