[Видео] Уапсен претседателот на подмладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски

Левица

На социјалната мрежа Фејсбук на партијата Левица, е објавена информација и видео од приведувањето на претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, беше приведен поради мирно и достоинствено истакнување на знамето на Палестина и тоа како да станува збор за високоризичен криминалец на денешниот ракометен натрпревар Македонија-Израел,

„Без никакво образложение, без наведување на основ за лишување од слобода, без посочување на кривично дело или прекршок – тој беше грубо оттурнат и со лисици однесен во полициска станица. Во целиот чин, ниту еден од полициските службеници не се легитимираше“.

Во објавата се истакнува дека додека на ДПМНЕ и на министерот Панче Тошковски им “се провлекуваат“ и им бегаат вистински криминалци, полицијата под негова надлежност ревносно демонстрира сила врз млади луѓе кои не направиле ништо освен што изразиле човечност.

„Левица ќе ги преземе сите расположливи правни и институционални механизми за овој скандал. ДПМНЕ денес се апси за знаме, утре ќе се апси за мисла!“, се истакнува во реакцијата на Левица.

Зачлени се на нашиот е-билтен