Тешка сообраќајка во Прилеп загина 19 годишно момче

Тешко сообраќајна несреќа се случила утрово во Прилеп, информираа од Министерството за внатрешни работи.

„Утрово во  06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека на ул. „Леце Котевски”  во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.К..(62) од Прилеп и мотоцикл „хонда” без регистарски ознаки, управуван од В.Б.(19) од с.Големо Коњари, прилепско.

По несреќата, В.Б. бил пренесен во Градска болница- Прилеп, каде од страна на доктор била констатирана смрт. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп“ се наведува во соопштението на МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен