Мицкоски во Охрид на стартот на изградбата на супериновативен објект – катна гаража

Мицкоски

Јас не би имал што да додадам повеќе од тоа што го кажаа и градоначалникот и потпретседателот на Влада и министер за транспорт, рече Мицкоски, но сепак додаде:

„Би сакал да само споменам дека дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат. Многу е важно кога патувате накај Охрид и кога ќе можете да го видите прогресот на автопатот којшто е пуштен во сообраќај и којшто очекуваме согласно претходните најави да бидат целосно пуштен од Кичево до Охрид, еве најдоцна да речеме првиот квартал од 2027 година.„

За да се надминат предизвиците со кои се соочиле со откажаниот кредитот од страна на кинеската „Ексим“ банка, Мицкоски го објасни новото задолжување кај домашните комерцијални како синдикат за да биде проектот реализиран целосно до крај.

Следен проект што мислам дека треба многу внимателно да му се посвети внимание овде во Охрид е „Плаошник“. Конечно да го завршиме тој проект, почнат од пред многу време. За жал не бил во приоритетите на многу влади претходно.

Мицкоски призна дека можностите на буџетот биле такви и овозможиле само скромна сума на средства, но важно било да се до подготви проектната документација и следната година многу посилно да се излезе на терен.

Мислам дека со проектите коишто сега се реализираат и оние проекти за коишто претходно зборуваа и градоначалникот и потпретседателот на Влада ќе дојдеме до една би рекол физиономија којашто ја заслужува Охрид и охридското крајбрежје.

Тој им се заблагодари и им честиташе и на градоначалникот, на администрацијата, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од Охрид, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на сите колеги од Владата коишто здружено работат за охридското крајбрежје, сите општини буквално добијат поинаков лик, поинаква физиономија.

Тука се разбира составен дел и новиот автопат којшто со несмалена динамика се гради и покрај сите предизвици коишто како Влада ги имаме. Така што остануваме на оние претходни датуми, остануваме на оние претходни прогнози за завршување на сите овие проекти и додефинирање на другите проекти и приоритети коишто во периодот што следи ќе бидат реализирани.“

Зачлени се на нашиот е-билтен