„Оваа 2026 година летото во Македонија очекувам да биде потопло од просекот за 1 до 2 степени. Секако оваа година во текот на летните месеци очекувам и почеста појава на оние тропски ноќи кога температурите на повеќето места во Македонија нема да се спуштаат под 20 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски.
Тој посочуба дека Македонија треба да се подготви за лето кое ќе биде значително потопло од просекот, со чести и изразени топлотни бранови со потекло од Африка. Според Попоски, претстојната сезона ќе донесе температури кои во одредени делови од земјата ќе надминуваат 40 степени.
Познатиот метеоролог посебен акцент се става на централните и југоисточните предели на Македонија, каде се очекуваат највисоките вредности на термометарот.
Главната причина за ваквите временски прилики, според Поповски, е климатолошкиот феномен „Ел Нињо“. Тој ќе добие на интензитет во текот на летото, носејќи топлина и жешки лета низ цела Европа, Балканот и Македонија.
Покрај жештините, летото ќе донесе и нестабилно време со опасни природни појави.
„Оваа 2026 година летото ќе ни донесе и почести Суперќелијни бури во Европа и на Балканот а временските непогоди ќе бидат честа појава и во Македонија. Повремено очекувам и појава на силни невремиња и временски непогоди и во Македонија“, предупредува Попоски.