Во малини од Србија пронајдено двојно повеќе кадмиум

малини

При испораката на малини во Франција од Србија, пронајдена е двојно поголема количина на кадмиум од дозволената, објави Европската комисија.

Франција ја задржа оваа пратка, беше објавено на 30 април на веб-страницата на RASFF, која објавува информации за повлекување на прехранбени производи од пазарот и издава предупредувања за штетна храна во земјите-членки на ЕУ.

Се вели дека ризикот е сериозен, со оглед на тоа што кадмиумот е тежок метал. Кадмиумот се задржува во бубрезите и црниот дроб, а времето на негово елиминација од телото е исклучително долго, од 10 до 30 години.

Може да предизвика оштетување на бубрезите, а Светската здравствена организација го класифицира како канцероген.

Во пратката што беше задржана, откриени се 0,071 милиграми на килограм малини, додека максималната дозволена количина е 0,04 милиграми на килограм.

Зачлени се на нашиот е-билтен