Активиран е системот „Пронајди ме“, се трага по 15 годишната Дуња Нециќ

Пронајди

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија го активираа системот „Пронајди ме“ за итно јавно известување во случајот со исчезнувањето на петнаесетгодишната Дуња Нециќ од Нови Сад, лице со посебни потреби, кое исчезна на 29 април 2026 година, кога го напуштила училиштето за основно и средно образование „Д-р Милан Петровиќ“, на улицата Бате Бркиќа бб, Нови Сад, во непознат правец.

Девојката последен пат е видена на 1 мај, околу 19 часот во Инџија, на аголот од улиците Милош Црњански и Цара Душан.

Дуња Нециќ е висока околу 160 сантиметри, има црна коса преку рамената и е со средна градба, а во времето на исчезнувањето носела црна јакна, црни кожни панталони и црни патики „Најк“.

Доколку имате какви било информации, веднаш јавете се во полиција на 192 или 064/8924059.

Информациите се објавени на веб-страницата http://pronadjime.mup.gov.rs/.

Зачлени се на нашиот е-билтен