Семејна пресметка во скопско: 26-годишна девојка пријавила напад од мајка ѝ и брат ѝ

МВР

Дваесет и шестгодишна девојка од скопско пријавила во полиција дека по семејно недоразбирање била физички нападната од нејзината мајка и брат, откако претходно таа ја нападнала мајка си.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен на 3 мај во 00:20 часот во СВР Скопје. Девојката навела дека инцидентот се случил на 1 мај околу 11:00 часот, кога по претходно недоразбирање физички ја нападнала својата 54-годишна мајка.

По првичниот напад, според пријавата, мајката и братот на девојката физички ја нападнале неа. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен