Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев на 5 годишнината од Договорот од Преспа: Имаме и обврска и капацитет да најдеме решение за сите отворени прашања на Балканот

„Договорот од Преспа ни донесе и надеж, и горчина, и стремеж, и сомнеж. Но, најважно од сѐ, ни донесе стабилност, сигурност, јасна перспектива и сила за подобро утре“, пишува денеска поранешниот премиер Зоран Заев по повод 5 годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа.

Во својот текст на социјалните мрежи, Заев нагласува дека „пет години потоа, сведочиме искрено македонско-грчко пријателство. Пет години, Северна Македонија и Грција градат заедништво од темел“.

„На тој темел добиваме помош од нашите европски и евроатлантски сојузници, на тој темел сме предводници на силни регионални иницијативи. На тој темел имаме стабилна економија иако веќе четврта година се бориме со пандемиски и енергетски кризи. Темелот ни е цврст, но ветриштата околу се силни“, вели Заев во текстот на социјалните мрежи.

Заев дополнува дека токму „затоа, сите демократски сили, леви и десни, мораме да продолжиме да бидеме бедемот на Договорот од Преспа. Ние, демократите од Балканот, следејќи го примерот на Договорот од Преспа, имаме и обврска и капацитет да најдеме решение за сите отворени прашања на Балканот. Нашиот ангажман има јасна цел – Цел Балкан во ЕУ“, напиша поранешниот премиер Зоран Заев, и порача дека „опасните ветришта не стивнуваат, но темелот и бедемот се посилни од нив“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново