Кричини пријави добија 10 возрасни, меѓу кои и родителите на 4 деца за насилството врз малолетничка во Ѓорче Петров, што предизвика згрозеност во јавноста заради бруталноста и бесчувствителноста на злоставувањето.
Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе шест кривични пријави против родители на малолетничките кои се поврзуваат со случајот со нападот врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров.
Кривичните пријави се поднесени по член 201 став 1 од Кривичниот законик, за кривично дело „запуштање и малтретирање дете“, против Е.А. и А.М., Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., како и против А.Т. и Т.Т.
Според информациите, пријавите се поднесени поради тоа што малолетните деца на пријавените лица претходно извршиле кривично дело „насилство“, предвидено во член 386 од Кривичниот законик, односно поради физички напад врз 13-годишна малолетничка во скопската општина Ѓорче Петров.
Во врска со истиот случај, на 29 април годинава ЕВР Ѓорче Петров до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава и против четири малолетнички, осомничени дека учествувале во нападот врз девојчето.
Случајот предизвика реакции во јавноста, откако беше објавено дека нападот бил снимен, а видеозаписи и фотографии од настанот биле споделени на социјална мрежа.