Ѓоковиќ во Рим се враќа на тениски терени

Фотографија од официјалната фејсбук страница на Новак Ѓоковиќ

По неколку месеци пауза, најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, се враќа на терените.

Српскиот ас, кој се опоравуваше од повреда на десното рамо, го избра Мастерсот во Рим како главна подготовка за претстојниот Ролан Гарос. Иако Ѓоковиќ е шесткратен шампион во „вечниот град“, патот до 13-то финале на овој турнир изгледа потежок од кога било.

Како четврти носител на турнирот, Новак е слободен во првото коло, но веќе од стартот на 8 мај го очекуваат сериозни испити.

Пред почетокот на турнирот, Ѓоковиќ реши да ги пофали домаќините и повторно да го привлече вниманието со својата љубов кон Италија.

Познато е дека Ѓоковиќ зборува голем број странски јазици, а меѓу нив се издвојува италијанскиот, па тка и на сегашното појавување Мастерсот во Рим, течно зборуваше италијански што наиде на позитивни реакции од публиката.

Зачлени се на нашиот е-билтен