За скоро шест проценти пораснале трошоците за живот во април

Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5.7 %, а цените на мало раст од 5.0 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %. 

Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0.6 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0.3 %.

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 %.

Зачлени се на нашиот е-билтен