Кумановец прелажан за речиси 2 милиони денари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 61-годишен скопјанец и против правно лице од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според информациите од МВР, првопријавениот со лажно прикажување факти довел во заблуда едно лице од Куманово, откако не му исплатил 1.840.815 денари за патничко возило „мерцедес вито“.

Од полицијата наведуваат дека случајот е документиран и против пријавените е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Зачлени се на нашиот е-билтен