Филипче: Мицкоски е најголемиот предавник на Македонија

Филипче

Христијан Мицкоски продава бајки дека тој се борел за националните интереси, тој е најголемиот предавник што Македонија го видела, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашниот поткаст „Риштази”. Филипче посочи дека граѓаните веќе ги чувствуваат последиците од погрешните политики на власта, расте сиромаштијата, животниот стандард е загрозен, има масовното иселување, државата е изолирана.

„Граѓаните веќе чувствуваат сиромаштија, затоа што не можат да патуваат. Гледате што се случува на границите, гледајте колку луѓе бараат бугарски пасоши, затоа што бараат работа и не можат да преживеат, има страшна сиромаштија. Гледајте како владата не се грижи за никој, нема никакви мерки за помош во оваа криза, луѓето не можат да преживеат. А Христијан Мицковски продава бајки дека он се борел за националните интереси. Тој е најголемиот предавник што Македонија го видела“, порача Филипче.

Во поткастот Филипче порача дека иднината на државата и стабилноста зависат од политиките што ги води власта, која као што кажа нема намера да спроведе реформи и да ја внесе државата во Европската Унија.

„Сè зависи од власта. Ако власта има намера да ствара проблеми, проблеми ќе има. Ако власта нема намера да ја зајакнува државата, као што нема, да праи реформи, како што не прават, да одиме кон Европа, како што нема да одиме, поради тоа што е експлицитно, Христијан Мицковски кажува нема да има уставни измени. Експлицитно, кажува човекот. Каков е тој предавник и на стратешките, и на националните интереси на државата? Од каде му е таа храброст или од кај му е тој политички или морален или било каков легитимитет?“, рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен