Руското Министерство за одбрана ги предупреди жителите на украинскиот главен град Киев и дипломатскиот персонал акредитиран во градот навремено да го напуштат градот во случај на „одмазднички удар“, објави ТАСС.
„Уште еднаш, го предупредуваме цивилното население на Киев, како и вработените во меѓународните дипломатски мисии, дека треба навремено да го напуштат градот“, се вели во соопштението.
Русија претходно изјави дека доколку вооружените сили на Украина се обидат да ги нарушат прославите на Денот на победата на 9 мај, руските сили ќе го нападнат центарот на Киев.
Првото предупредување на руското Министерство за одбрана беше упатено уште во понеделникот.