Бог нека им е напомош, порача бугарскиот патријарх на инаугурацијата на владата на Радев

патријарх

Бог нека им е напомош, порача бугарскиот патријарх Даниил на инаугурацијата на новата влада на Румен Радев.

Премиерот е исто така слуга Божји. Овие одговорности што се преземаат не се само пред Народното собрание и пред народот, туку и пред Бога за спроведување на Божјата волја во општеството за да има законитост, грижа и правда за сите луѓе.

Ова го кажа Неговата Светост Бугарскиот Патријарх и Митрополит Софиски Даниил при влегувањето во парламентот пред гласањето за кабинетот на Радев, пренесе БГНЕС.

„Нека им е на помош Бог“, заклучи Патријархот бугарски и Митрополит Софиски Даниил.

Зачлени се на нашиот е-билтен