Млади, пари и добар вајб е новиот концепт на Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка ја отвори првата експозитура за млади во Македонија – Vibe On, модерен простор создаден за генерација што сака банката да биде побрза, попристапна, поопуштена и поблиска до нејзиниот секојдневен ритам.

Новата експозитура носи свежо банкарско искуство и ја менува класичната слика за банката како формален шалтерски простор. Vibe On е замислена како место каде што младите можат да добијат банкарска услуга, но и да се информираат, да се поврзат, да научат нешто ново за личните финансии и да се чувствуваат како просторот навистина да е создаден за нив.

Концептот е развиен врз основа на пораките, навиките и очекувањата што младите ги споделија во кампањата пред отворањето. Тие побараа банка со млад дух, помалку формалности и повеќе чувство на слобода. Токму тие идеи се преточени во амбиентот, дизајнот и енергијата на новата експозитура.

Vibe On експозитурата е дел од пошироката Vibe On платформа за млади на Шпаркасе Банка, која ги обединува производите, услугите, поволностите и едукативните содржини наменети за младите. Преку платформата, младите имаат пристап до Vibe On пакетот за млади, Vibe On+ пакетот за лица до 28 години, како и до кредити, депозити и банкарски решенија приспособени на нивниот животен стил и реални потреби.

Посебна вредност носи и Vibe On клубот, преку кој младите добиваат бројни поволности и бенефити, како и Vibe On Edu – првата платформа за финансиска едукација од ваков тип во земјата. Преку неа, младите можат да стекнат практични знаења, подобро да ги разберат личните финансии и посигурно да ги носат своите први финансиски одлуки.

Отворањето на експозитурата помина во атмосфера целосно во духот на Vibe On концептот – со музика, интерактивни активности, диџеј-настап, уникатен food performance и дружење со голем број млади посетители. Настанот ја пренесе идејата зад целиот проект: банката може да биде место со енергија, движење, поврзување и добар вајб.

„Со оваа експозитура правиме чекор напред во начинот на кој ја градиме врската со младите. Веруваме дека иднината се создава заедно, а токму затоа создадовме простор што нуди многу повеќе од класична банкарска услуга, место за поврзување, инспирација и градење нови можности. Денес, повеќе од 60.000 млади клиенти до 28 години ѝ ја имаат доверено својата финансиска приказна на Шпаркасе Банка, што претставува силна потврда за нашата поврзаност со младата генерација и нивните потреби“, изјави Нина Неданоска, заменик-претседателка на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Со Vibe On експозитурата, Шпаркасе Банка поставува нов стандард во банкарството за млади во Македонија. Наместо простор во кој се оди само кога мора, банката станува место каде што младите можат да се чувствуваат свои – со повеќе слобода, повеќе информации, повеќе можности и многу повеќе вајб.

Зачлени се на нашиот е-билтен