Откриено колку заработиле главните актерки во филмот „Ѓаволот носи Прада 2“: Мерил Стрип покажа каква личност е таа всушност

Прада

Откриено е колку заработиле Ен Хатавеј, Мерил Стрип и Емили Блант за да се вратат на своите улоги во долгоочекуваното продолжение на „Ѓаволот носи Прада“. Филмот пристигна во кината на почетокот на месецот, речиси дваесет години по оригиналот, а веќе за време на првиот викенд од прикажувањето, постигна голем успех на бокс офисот.

Во продолжението, кое повторно ја носи приказната од светот на високата мода и американскиот Вог, Мерил Стрип се врати во улогата на Миранда Пристли, строгата и бескомпромисна уредничка на списанието Runway, за која многумина веруваат дека била инспирирана од Ана Винтур.

Ен Хатавеј и Емили Блант повторно ги играат нејзините поранешни асистентки, кои во меѓувреме изградија успешни кариери. Со оглед на тоа што филмот заработи дури 259 милиони долари глобално за време на викендот на премиерата, јасно е дека станува збор за огромен комерцијален успех, и за студиото и за главните ѕвезди на филмот.

Сите три актерки добија ист хонорар

Според „Варајети“, на Мерил Стрип ѝ беа понудени 12,5 милиони долари за да ја повтори улогата на Миранда Пристли. Сепак, актерката наводно инсистирала нејзините колешки да бидат платени исто како неа.

Затоа, сите три актерки потпишале договор со таканаречена клаузула за „најповластена нација“. Во филмската индустрија, ова значи дека сите клучни актери во еден проект имаат исти хонорари и бенефиции. Ен Хатавеј и Емили Блант заработиле по 12,5 милиони долари, пред бонусите.

Извор близок до продукцијата, исто така, откри дека сите три актерки ќе добијат дополнителни бонуси во зависност од конечната заработка на филмот, што значи дека нивната вкупна заработка би можела да биде значително поголема.

Критичарите беа поделени во врска со продолжението

Повеќе од една недела по премиерата на 1 мај, „Ѓаволот носи Прада 2“ има 78 проценти позитивна оценка од критиките на „Ротен Томатос“.

Реакциите на критичарите досега се поделени. „Емпаер“ го пофали сценариото за тоа што им дава на ликовите „свежа приказна наместо да се потпира на формулите од оригиналот“, додека „Гардијан“ го опиша филмот како „забавен и жив“.

Од друга страна, не сите беа подеднакво ентузијастични. „Лондон Ивнинг Стандард“ напиша во својата рецензија дека на продолжението „и недостасува духовитоста и гламурот што го обележаа оригиналниот филм“.

Зачлени се на нашиот е-билтен