Повеќе од 30 дена јавноста поставува едно едноставно прашање: Дали Владата ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски? Ниту Христијан Мицкоски, ниту министерот за правда Игор Филков немаат храброст да дадат јасен одговор. Тишина. Молчење. Криење од јавноста.
Ова се истакнува во соопштението на СДСМ, коешто во продолжение го пренесуваме целосно:
Се однесуваат како ова да не е нивна работа, како да не знаат што се случува, како да немаат никаква одговорност.
Зошто Мицкоски и Филков не ги испраќаат документите?
Вистината е многу едноставна, намерно го штитат Никола Груевски.
Груевски не е само бегалец од правдата. Тој е симбол на режимот, криминалот и корупцијата на ВМРО-ОКГ.
Токму затоа Мицкоски бега од одговор. Затоа што знае дека ако падне Груевски, паѓа митот врз кој ВМРО-ОКГ со години гради лажен патриотизам и лажна чесност.
Станува збор за организирана криминална група, ништо повеќе.
Македонија не смее да биде држава во која Владата штити осудени криминалци.
Правда мора да има. Одговорност мора да има. Груевски мора да се соочи со правдата.
