Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Италија го блокираше кинески Синохем од преземање контрола врз гигантот за гуми Пирели

Италија презеде чекори да спречи кинеска државна компанија да ја преземе контролата врз гигантот за производство на гуми Пирели.

Одлуката е дел од мерките што ги објави владата на Италија за заштита на независноста на Пирели.

Хемискиот гигант Синохем, контролиран од Пекинг, е најголемиот акционер на Пирели, со 37 отсто од акциите во 151-годишната фирма со седиште во Милано.

Тоа се случува кога тензиите меѓу Пекинг и Западот се во фокусот додека американскиот државен секретар ја посети Кина.

Пирели во изјава за инвеститорите соопшти дека италијанската влада одлучила дека само компанијата Камфин која е контролирана од шефот на Пирели, Марко Трончети Провера – може да номинира кандидати за нејзин главен извршен директор.

Пирели, исто така, рече дека владата одлучила дека сите промени во корпоративното управување на компанијата треба да бидат предмет на официјална проверка.

Случувањата дојдоа откако кинескиот  Синохем во март ѝ кажа на италијанската влада дека планира да го обнови и ажурира постојниот акционерски договор со Пирели.

Администрацијата на италијанската премиерка Џорџија Мелони го испита договорот според таканаречените правила „Златното правило за моќ“, чија цел е заштита на бизнисите кои се сметаат за стратешки важни за нацијата.

Во 2015 година, Пирели беше продаден за 7,1 милијарди евра на група инвеститори, вклучувајќи ги ChemChina и Camfin. Шест години подоцна ChemChina се спои со државната Sinochem. Инвестицискиот фонд „Патот на свилата“ на кинеската влада исто така поседува и 9% од акциите во Пирели.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен е во Пекинг, на неговиот последен ден од првата посета на Кина на висок функционер од Вашингтон по заладувањето на односите во последните шест години.

Патувањето на Блинкен доаѓа откако односите меѓу Кина и многу западни земји се влошија во последниве години поради прашања како трговијата, Тајван и безбедноста.

Пред неговата посета, официјалните лица видоа мали шанси за некаков пробив во многуте спорови меѓу двете најголеми светски економии, кои ги вклучуваат обидите на Вашингтон да го забави развојот на кинеската индустрија за компјутерски чипови.

извор: Би-Би-Си (Нова)

Зачлени се на нашиот е-билтен