Грција ќе произведува галиум во количини од 100% за потребите на ЕУ

Галиум

Меѓуминистерскиот комитет за стратешки инвестиции во Владата на Грција, одобри инвестиција во вредност од 340 милиони евра, која ќе ѝ овозможи на Грција да произведува галиум во количини способни да покријат 100% од потребите на Европската Унија, изјави вицепремиерот и портпарол Павлос Маринакис.

Галиумот е критична суровина што се користи во најсовремените технологии како што се полупроводници, одбранбени системи, апликации за вештачка интелигенција и модерни фотоволтаични системи.

Понатаму, Министерството за развој, преку Генералниот секретаријат за приватни инвестиции, поднесе барање за финансирање до Фондот за модернизација, обезбедувајќи покритие за значителен дел од буџетот на проектот. Вкупно, инвестицијата ќе добие поддршка во износ од 118 милиони евра преку грантови и даночни олеснувања.

На национално ниво, инвестицијата ја зајакнува индустриската база на земјата и создава работни места со висока додадена вредност.

Во исто време, таа претставува симболична иницијатива од европско значење, бидејќи одлучувачки придонесува за конкурентноста на Европа, безбедноста на снабдувањето и геоекономската отпорност.

Проектот е целосно усогласен со целите на Европската Унија во врска со критичните суровини и стратешката автономија.

Најчитано