Во морскиот дел северозападно од грчкиот остров Лерос денеска била спасени и безбедно пренесени на копно 68 мигранти, кои се превезувале на едрилица, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, мигрантите ги презел трговски брод што бил во близина, по што биле префрлени на брод на крајбрежната служба, а потоа и безбедно пренесени на Лерос.
Паралелно, од грчката крајбрежна служба соопштија дека вчера при копнена патрола на островот Хиос бил забележан глисер кој на копно оставил група од 17 мигранти, по што побегнал со зголемена брзина.
Откако лицето кое управувало со глисерот не застанало на светлосната и звучната сигнализација следела потера, но и негово апсење, а меѓу другото, се товари и за криумчарење мигранти