Вечерва емисијата „360 степени“ ќе го емитува своето 1000-то издание на Македонска радиотелевизија.
Одговорниот уредник на онлајн медиумот 360 степени, Васко Попетрески, порача дека емисијата низ годините се обидувала да изгради простор за професионално и сериозно новинарство во време кога довербата во медиумите често се става на тест.
Тој истакна дека преку истражувања, анализи и интервјуа, „360 степени“ отвори теми од јавен интерес, поттикнуваше дебати и создаваше простор каде носителите на функции и моќ биле соочувани со прашањата што јавноста очекува да бидат поставени.
„Овој јубилеј е потврда дека и во сложени општествени и политички околности постои публика што препознава одговорно новинарство. ‘360 степени’ стана и останува препознатлив простор за информирање и дебата“, порача Попетрески.
По повод значајниот јубилеј, редакцијата на Рацин.мк упатува честитки до тимот на „360 степени“, со желби за уште многу успешни емисии, професионални достигнувања и истрајност во унапредувањето на независното и одговорно новинарство во Македонија.
