Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Некој нека му каже на Максим дека граѓанско движење и национализам не одат

Димитриевски доцни 22 години вели вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи во изјава за „Фронтлајн“ во врска со најавите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски дека ќе формира политичко движење и ќе креира мултиетничко општество.

Битиќи нагласува дека граѓанско движење и национализам не одат заедно и дека македонското општество е и мултикултурно, и мултиетничко и граѓанско.

„Максим Димитриевски доцни најмалку 22 години. Македонското општество е и мултикултурно, и мултиетничко и граѓанско. Некој од неговите ментори и советници треба да му објасни дека граѓанско движење и национализам не одат заедно. Национализамот не е граѓански, туку режимски. Граѓанство или национализам? Тоа е одлуката што треба да си ја донесе Димитриевски пред да тргне во правење партија.”, изјави Битиќи за Фронтлајн.

Максим Димитриевски најави формирање на политичко движење и креирање на мултиетничко општество во државата.

„Во септември ќе формираме политичко движење, а во октомври ќе ја најавиме нашата платформа и програма. Движењето коешто ќе го формираме ќе биде главниот носител на идната власт. Ќе коалицираме со сите оние што ќе прифатат да потпишат една сериозна платформа, првенствено национална за македонскиот народ, а подоцна да седнеме на иста маса и реално да разговараме како тоа се креира и формира мултиетничко, а не биетничко општество во државата“, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во денешното гостување во „Утринска на Телма“.

Ј. Ѓорѓиоски

Фронтлајн.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен