Народниот собир за поддршка на Вучиќ во Куманово бил финансиран од МНР на Србија

Куманово

Од јавно достапните податоци се заклучува дека во април годинава, на здружението „Мир, хармонија, стабилност“ од Куманово му биле доделени пари на конкурсот на Министерството за надворешни работи на Србија за кофинансирање на проекти наменети за организации на Срби од регионот.

Ова се доведубва во врска со народниот собир што собра неколку стотици граѓани во Куманово вчера кои ги носеа слоганите „Ние сме Вучиќ“, „Куманово за Вучиќ“ и „Скопје за Вучиќ“, знамињата на Србија и Северна Македонија за време на протестот.

Медиумите кои се симпатизери на властите во Србија известуваа за „прекрасни сцени“ и зборуваа за „геополитичката тежина“ на овој собир.

Ова го наведува срспкиот медиум Н1, кој премесува дека македонската опозициска партија, СДСМ, тврдеше дека владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, стои зад настанот и дека собирот бил организиран минатата недела во Скопје, на состанок меѓу потпретседателот на Владата на Република Македонија, Иван Стоиљковиќ, и претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ.

ВМРО-ДПМНЕ негираше дека стои зад организацијата на собирот, објави Н1.

Весна Николиќ од здружението „Мир, хармонија, стабилност“ изјави во саботата дека станува збор за мирен митинг во поддршка на српскиот претседател, објави Б92.

Здружението „Мир, хармонија, стабилност“ е основано на 30 јуни 2022 година, според македонскиот регистар на правни лица.

Она што може да се види од јавно достапните податоци е дека во април годинава, на ова здружение му беа доделени пари на конкурсот на Министерството за надворешни работи на Србија за кофинансирање на проекти наменети за организации на Срби од регионот.

Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот додели 400.000 динари на Здружението „Мир, хармонија, стабилност“ за проектот насловен „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрилата на молитвата“.

Вчера, пак, на истиот ден, студентското движење во Србија, организираше голем митинг во Белград.

Според полициските проценки, на него се собрале 34.300 граѓани, но Архивата на јавни собири објави дека снимките укажуваат дека „ќе се рангира меѓу најголемите студентски (протести) досега“, со потенцијално повеќе од 100.000 учесници.

Најчитано