Нов мурал ја облагороди Школка во градски парк Скопје.
„Шумски оркестар“, новиот мурал на „Школка“ во Градски парк во Скопје, како што напиша графити артистот којшто се потпишува како drash1312, ја истакнува моќта на музиката да ги обединува различностите.
Како симбол на младоста и место каде што израснале многу генерации, „Школка“ со децении е препознатлив простор за дружење, музика и бројни настани што оставиле трага во сеќавањата на скопјани.
Авторот на својот Инстаграм профил им изразува голема благодарност до Марјан Димиќ (@marjandimic) кој помогнал во исцртување на муралот и до Јуроп Хаус Скопје (@europehouseskopje) од каде што добил можност и поддршка за реализација на целиот проект.
