Герасимовски: Нема да дозволам несовесно градење, безбедноста на граѓаните е врвен приоритет

Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски соопшти дека денеска е на терен заедно со стручни лица од Градежен факултет и од инспекциските служби на општината за да го следи санирањето и обезбедувањето на свлечиштето на булевар „Тедодисиј Гологанов“ што го предивизвика градежна компанија.

„Денеска сум на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, заедно со деканот на Градежниот факултет, стручни лица и инспекциските служби на Општина Центар, каде активно се спроведуваат мерки за стабилизација и обезбедување на просторот по свлечиштето на градилиштето“, информира Герасимовски.

Истакнува дека „согласно стручните насоки и експертското мислење од Градежниот факултет, започна затрупување и обезбедување на земјиштето со цел спречување на дополнителни ризици и целосна заштита на граѓаните и околните објекти“.

Герасимовски нагласува дека инспекциските служби на Општина Центар се постојано на терен и продолжуваат со надзорот и санкционирањето.

„Веќе се изречени повеќе казни, а ќе продолжиме со најстроги мерки против инвеститорот и изведувачот, затоа што не смее да има компромис кога се загрозува безбедноста на граѓаните. Нема да дозволам несовесно и небезбедно градење во Центар. Безбедноста на граѓаните е и ќе остане мој врвен приоритет“, истакнува Герасимовски во своето обраќање до јавноста.

Најчитано