Дачиќ: Сигурно има причина зошто не умрев, партијата и држвата да го искористат тоа

Дачиќ

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека одржувањето на партискиот конгрес зависи од тоа кога ќе се одржат изборите и дека сигурно нема да избега од трката за лидерската позиција ако неговото здравје го дозволува тоа.

„Ако социјалистите сакаат да останам претседател, подготвен сум да учествувам во тоа“, изјави Дачиќ за Радио Телевизија Србија.

Тој рече дека практично го започнал својот нов живот, роден одново, кога почнал да се опоравува од болеста, и затоа, наведе тој, мора да постои некоја причина зошто не умрел и им порача на државата и партијата да го искористат тоа.

Најчитано